ЕК ги поддржа амбициите на Албанија-да ги затворат преговорите до 2027 година

Европската комисија ги поддржува амбициите на Албанија за затворање на поглавјата за преговори со ЕУ на крајот на 2027 година. Во извештајот на ЕК, напорите на Албанија се ценат, иако се сметаат за „ограничени“. Најценета е работата на СПАК, која е охрабрена да продолжи со мерките против високи функционери вклучени во корупциски афери. Европската комисија го фали напредокот во реформите во правосудството и борбата против корупцијата, иако на корупцијата, политичкото мешање во правдата, недостатокот на конструктивен дијалог и неодобрените реформи и натаму се селдат со загриженост од страна на Европската комисија.
Извештај на ЕК за Албанија:
„Албанската влада ја истакна својата цел за затворање на преговорите за членство до крајот на 2027 година и Комисијата е подготвена да ја поддржи оваа амбициозна цел. За да се постигне оваа цел, од клучно значење е властите дополнително да го интензивираат темпото на реформи ориентирани кон ЕУ, првенствено владеењето на правото, да ги консолидираат перформансите на органите за спроведување на законот, ефикасно да се борат против корупцијата и организираниот криминал и да ги промовираат основните права, вклучувајќи ги слободата на медиумите, имотот и малцинските права.“
Во однос на Косово, Европската комисија го пофалинапредокот на Приштина и ја охрабрува нормализацијата на односите со Србија. Во документот за Косово се наведува дека властите во земјата остануваат посветени на патот кон европската интеграција. Според извештајот, Косово постигна напредок во борбата против организираниот криминал, додека деловното опкружување во земјата е исто така подобрено. Во овој документ, Косово се охрабрува да ги интензивира напорите за зајакнување на владеењето на правото и јавната администрација, како и за заштита на слободата на изразување. Во извештајот се наведува дека тензиите во северно Косово продолжиле како резултат на насилниот напад врз Косовската полиција од страна на вооружени српски напаѓачи, на 24 септември 2023 година. Нападот на Бањска е опишан во Извештајот за напредокот како „најлоша ескалација во последниве години“.
ЕК им порачува на Косово и Србија дека нормализацијата на односите останува суштински услов за нивниот европски пат и дека и двете ризикуваат да пропуштат важни можности, во отсуство на напредок во овој поглед. Брисел соопшти дека Србија ги прекршила своите обврски од бриселскиот дијалог со усвојувањето на нацрт-законот за српската судска надлежност во Косово и прогласувањето на Косово за „специјална зона на социјална заштита“. Портпаролката на ЕУ, Набила Масрали, рече дека со тоа Србија постапила спротивно на своите обврски во дијалогот со Косово под медијаторство на блокот. Таа ја повика Србија да го преиспита овој нацрт-закон, кој бара формирање на специјално обвинителство и специјална судска комисија „за гонење на сите оние кои учествуваат во прогонот на српското население“ на Косово.
Алсат