МАКЕДОНИЈА

ЕК: Очекуваме од сите да учествуваат конструктивно во пописот

Европската Комисија ги охрабрува сите во Северна Македонија да учествуваат во процесот на попишување на населението и додава дека пописот е дел од процесот за пристапување во ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Advertisements

Во коментар за МИА, портпаролката на Европската Комисија, Ана Писонеро, рече дека во Брисел пости задоволство што пописот е во тек во Северна Македонија.

-Ова е важна вежба. Точни податоци за бројот и карактеристиките на населението се суштински за спроведување на соодветни социјални, демографски и економски политики за добробитта на сите граѓани, изјави Писонеро за МИА.

Таа истакна дека Европската Унија очекува од властите во Северна Македонија пописот да се одвива согласно стандардите и регулативите на ЕУ, како дел од пристапниот процес за ЕУ.
-Сметаме на сите делови од општество позитивно да придонесат кон операцијата на попишување на инклузивен и конструктивен начин, рече Писонеро за МИА.

Населението во Северна Македонија не е попишано речиси дваесет години.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button