ВЕСТИСВЕТ

ЕК следниот месец ќе ги претстави идеите како во пракса ќе функционира Унијата со над 30 земји членки

На декемвриското заседание на Европскиот совет ја потврдивме нашата колективна посветеност на иднина во која сите шест партнери од Западниот Балкан ќе бидат дел од нашата Унија, но за тоа како во пракса ќе функционира таа Унија од над 30 земји, одговорот можеме да го дадеме само ние што сме внатре во ЕУ, порача денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред пратениците во Европскиот парламент во Стразбур.

„Овој дом веќе даде храбри идеи за реформа на нашите договори. Следниот месец, Комисијата ќе ги претстави нашите идеи до Европскиот парламент и Советот на ЕУ, пред лидерската дискусија организирана од белгиското претседателство“, нагласи Фон дер Лајен во обраќањето посветено на резултатите од декемврискиот Самит на ЕУ.

Таа се осврна и на одлуката на лидерите на ЕУ за старт на преговорите со Украина, нагласувајќи дека таквото решение ги „исполнило со надеж и радост срцата на милиони Украинци“, кои, според неа, секојдневно покажуваат колку им значи Европа.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button