ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Економски Магазин: За некоја година ќе недостига работоспособно население

Државата мора под итно да направи стратегија како ќе ги задржи младите во Македонија. Досегашните планови за кои се потрошија многу пари според експертите се покажаа како неуспешни, а потврда за тоа даде и пописот на населението. Доколку се продолжи со истите политики на владеење како во последниве 30 години ќе имаме повеќе пензионери од работоспособно население.

Advertisements

„Ние немаме одредена стратешка цел, што треба да направиме во државата. На пример, која дејност ни е приоритетна во државата, не само една туку треба да наброиме, пет – шест“, вели економистот Абиљ Бауш.

За она што со години алармираше бизнис заедницата сега и официјално е потврдено. За брзо време ќе нема кој да работи во одредени дејности во македонското стопанство. Сега се поставува прашањето, од каде ќе се најдат луѓе да работат во државава.

„Минатиот попис доминантна старосна група беше групата од 15 до 19 години, а овој попис ни покажува дека доминантна група е од 40 до 44 години“, рече Анета Димовска менаџер на Стопанската комора на Македонија.

Во вечерашниот Економски магазин на Алсат освен за потребата од работен кадар во компаниите, беа опфатени и теми поврзани со причините на граѓаните да ја напуштат Македонија. Високиот степен на корупција, образовниот систем, партизацијата на институциите се само дел од причините граѓаните да купуваат и натаму авионски билет во еден правец.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button