ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Експерти: Неказнивоста на сторителите на инцидентите како во Вевчани поттикнува повторување на истите

Неодамнешниот инцидент со палењето на бугарското знаме на Вевчанскиот карневал, што предизвика реакција на соседот и дел од јавноста, уште еднаш покажа дека институциите во земјата финансираат, но не сносат одговорност за агендата на организациите финансиран со пари на граѓаните. Ова несанкционирање на извршителите на овие провокации, според експертите, создава удобност за организаторите, кои не се двоумат да повторат слични дела. Владо Димовски, од Центарот за меѓуетничка толеранција, вели дека во овие организации вмешаност имаат одредени субјекти, кои влијаат да го згаснат културниот дух и да им дадат политичка боја.

Ферат Полиси, кој во 2012 година беше муфтија на струшкото муфтиство, период кога имаше провокации на Вевчанскиот карневал кои предизвикаа меѓуетнички и меѓуверски инциденти во земјата, потсетувајќи се на тој период вели дека ако државата ги санкционирала извршителите на тие провокации, можеби организаторите добро ќе размислат пред да го запалат знамето на Бугарија на последниот карневал. Тој вели дека е апсурдно институциите да кажат дека не знаат што се случува на ваквите карневали.

„Со нашиот протест во 2012 скршивме табу, бидејќи Вевчани во тоа време се сметаше за недопирлив како од власта, така и од другите. Вевчани се чувствуваше далеку супериорен во однос на другите заедници што живеат тука во Северна Македонија и другите религии. Власта беше индиферентна и не поднесе кривична пријава против организаторите. Никој не презеде мерки, напротив, имавме затворање на многу наши демонстранти Албанци“, рече Ферат Полиси – поранешен муфтија на Струга.

Владата и Министерството за култура го осудија палењето на бугарското знаме, велејќи дека ваквите постапки го нарушуваат имиџот на земјата. Министерството за култура во буџетот за 2021 година, има испланирано еден милион и 100 илјади денари за карневалот во Вевчани. Министерството за внатрешни работи и Обвинителството најавија кривични пријави за палење на бугарското знаме, но времето ќе покаже дали ќе има епилог.

Во 2012 година на Вевчанските карневали, учесниците го исмеваа исламот и светата книга Куран на многу банален начини. Ваквите акти поттикнаа тензии и последователни инциденти меѓу етничките и верските заедници во земјава. Најжестоки беа перцепциите добиени од известувањето во печатените медиуми, каде што за случаите се водеше жестока битка помеѓу категоријата „ние“ и „тие“. Карневалот во Вевчани се одржува на 13 и 14 јануари, на православниот празник Свети Василиј.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button