ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Експерти: Опцијата за уставни измени со продолжен рок е добро решение

Експертите за европски прашања велат дека владата треба да добие време да го деблокира европскиот пат на земјата. Ненад Марковиќ во изјава за Алсат рече дека уставните измени со продолжен рок се добро решение и нема причина Бугарија да го отфрли.

Advertisements

„Да дадеме разумен рок да се обидеме. Мислам дека најелегантното решение е, немам дилема дека тоа е најдоброто решение, тоа да се случи со одложен рок. Со усвојувањето на законот, уставот и сите механизми со кои располагаме, но јас сум песимист за подготвеноста на Бугарија да прифати такво решение. Од она што го кажа Европската унија, јасно е каков е ставот на ЕУ, а тоа е дека тоа мора да се случи сега што побрзо“, вели Ненад Марковиќ – Политички аналитичар.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос, повтори дека вклучувањето на Бугарите во уставот е услов за продолжување на европскиот пат на земјата.

„Очекуваме Северна Македонија да го промени Уставот, бидејќи тоа е она што го очекуваме, ни повеќе ни помалку. Сигурна сум дека ова може да се направи и  процесот да напредува брзо.  Дали гарантирате дека нема да има нови блокади од Бугарија по ова?  Јас не сум таа која може да даде такви гаранции“, рече Кос.

Премиерот Мицкоски, пак, рече дека Брисел и натаму е заробеник на некои земји-членки.

Во однос на барањето на македонската влада за гаранција од Бугарија, дека повеќе нема да прави пречки за интеграција на земјата, аналитичарот Марковиќ вели дека тоа е невозможно.

„Како може некој политички актер од Бугарија да даде гаранции кога самиот не знае дали ќе преживее до следната Влада. Да ја погледнеме реалната состојба во нив, кој е тој од Бугарија што ќе излезе, кој има волја, но реално ја нема, кој е тој и да каже. Што е со Бојко Борисов?“ Петков?“ Лидерот на БСП, лидерот Слави Трифунов? Кој ќе ви ја  даде таа гаранција? Нема човек кој стапнал на „јако тло“ условно кажано политички, да каже во ред ви гарантираме дека нема да бараме ништо понатаму“, додава Марковиќ.

Во Бугарија, пак, ситуацијата е сè уште нејасна, бидејќи шести пат по ред изборот на претседател на Собранието е неуспешен.

Зекирија Хаџиу

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button