ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Експерти: Со руската вакцина доаѓаат и руските интереси, но здравјето пред сè

Вакцините од Русија ја отвораат вратата за руско влијание во земјава, сметаат дел од експертите по меѓународна политика. Според нив, пандемијата во моментов отвора поле за поинаква војна меѓу големите светски сили. Илија Џугуманов од Евроатлантскиот совет на Македонија смета дека преку вакцините Русија забележа нов триумф, откако беше за момент тргната на страна по членството на земјава во НАТО.

Поранешниот вицепремиер и амбасадор Васко Наумовски смета дека за време на овој вонреден здравствен предизвик, сепак, здравјето е од најголемо значење и одлуката да се побара помош од Русија не може да се критикува.

Иако првично кружеа разни теории на заговор за вакцините Спутник, сега веќе и некои земји-членки на НАТО и ЕУ, како што се Унгарија, Словачка и Италија, одлучија нивните граѓани да се имунизираат токму со неа. Но, словачката влада е поделена бидејќи некои веруваат дека Спутник не е само обична вакцина, туку алатка за хибридна војна. Европската агенција за лекови ја предупреди Италија дека ќе игра Руски рулет со јавното здравство доколку го спроведе договорот да почне на своја територија да го произведува Спутник.

Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button