ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Експерти: За безбедноста во сообраќајот најважен е човечкиот фактор

Башким Сулејмани

Недостигот од редовни контроли на возилата, немањето соодветен кадар на контролните пунктови, но и недостигот на професионални возачи се меѓу главните причини за несреќите на транспортните возила, особено автобусите. Според професорот Сулејман Рахими, во најголем број случаи за сообраќајните несреќи е виновен човечкиот фактор.

„Во параметрите на безбедноста во сообраќајот важен е човечкиот фактор. Значи Тој е оној кој ја дава одговорноста за сите настани што следат. Потоа одржувањето на возниот парк, нивната техничка состојба и факторот време, условите на патот. Ова што се случи, кажав и претходно, одговорен е човечкиот фактор. Значи човечки ресурси со кои располага компанијата, транспортните возила, автобусите, бидејќи во компанијата, според нормите, постои програма за одржување“, изјави Сулејман Рахими, сообраќаен експерт.

Според Рахими, надлежните органи како општинскиот и државниот инспекторат треба што повеќе да ги зголемат контролите.

„Надлежните општински органи, општинскиот и републичкиот инспекторат ги контролираат овие претпријатија за поседување документи, техничката состојба на возилата но и психофизичката состојба на операторите кои работат таму“, рече Сулејман Рахими, експерт за сообраќај.

Според експертите, исклучително е важно да се зголемат контролите на надлежниот инспекторат. Рахими вели и дека се неопходни измени во Законот за јавен превоз, особено во однос на староста на транспортните возила./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button