ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи: Во процесите што следуваат, потребна е стабилна влада

Адриан Керими

ДУИ против оставката на Зоран Заев од премиерската функција. Портпаролот на ДУИ Бујар Османи вели дека во процесите што следуваат земјава не смее да биде со нестабилна влада. Во однос на проширувањето на мнозинството, конкретни активности ќе се очекуваат следната недела. Османи вели дека во овој период не треба да се менува владиниот кабинет, а стабилизацијата на мнозинството е добредојдена.

„Периодот што следи е многу важен за стратешките насоки и за остварување на стратешките цели. Секоја дестабилизација на Владата во овој период може негативно да влијае на остварувањето на оние цели кои би ја трансформирале државата од дел од решение во дел од проблемот. Никој во државата не сака да го впери прстот кон државата за нерешавање на проблемите и неотпочнувањето преговори со ЕУ затоа што до сега не бевме такви“, изјави Бујар Османи, ДУИ.

Од СДСМ велат дека наскоро се очекува договор помеѓу Социјалдемократите и Алтернтива, со цел партијата на Гаши да стане дел од Владата. Според СДСМ, сите партии кои учествуваат во преговорите се свесни за потребата од споделување на владиниот „колач“.

Во меѓувреме, во СДСМ продолжува рокот за поднесување кандидатури за претседател на партијата. Внатрепартиските избори ќе се одржат на 12 декември, а кандидатура за местото лидер на партијата најави само заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button