Експерти: За намалување на инфлацијата, потребни се долгорочни мерки

Се очекува следната година инфлацијата да се врати на просечната стапка од 2,5 отсто, според прогнозите на властите. Владата прогласи просечна стапка под 6% и за оваа година, додека според Централната банка просечната стапка на инфлацијата за 2023 година е 9,5%. Според нив, 2024 година е година кога се очекува да се надминат сите недостатоци што ги создаде криза со пандемијата, воената криза во Украина и финансиско-енергетската криза. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи изјави дека инфлацијата, која предизвика шок кај сите цени, се очекува да се нормализира следната година.
Но, аналитичарите велат дека намалувањето на притисокот на инфлацијата се прави на сметка на приватниот сектор, поточно со замрзнување на цените на производите и безалкохолните пијалаци. Професорот Висар Адеми вели дека треба да се преземат долгорочни мерки за стимулирање на домашните производители и намалување на влијанието на увозот од странство. Тој е категорично против интервенцијата на државата во слободната пазарна економија, и ризикот по звршување на мерките, да катапултираат цените.
„Ние не сме Северна Кореја, ние не сме земја која има планирана економија, имаме пазарна економија и во овој контекст моќта на понудата и побарувачката е она што ја одредува цената на производот и на крајот купувањето на производот. Ако треба да се ограничат овие видови артикли, тогаш ќе треба да најдеме алтернативни начини за нивно купување, но повторно велам дека не треба државата да ги одредува овие политики бидејќи тоа е во спротивност со слободната економија и развојот на претприемништвото, преку зајакнување на улогата и интервенцијата на државата во економијата“, вели Адеми.
На три недели до крајот на годинава, Владата се уште не го добила предлог-законот од Министерството за економија за нелојална трговија, за што ветија дека ќе добие зелено светло до крајот на годинава. Поради краткото време – на 31 декември истекува рокот за примена на мерките за гарантирана цена, властите најавија дека мерките ќе продолжат и во јануар.. Додека Стопанската комора вели дека приватните бизниси се оштетени од замрзнувањето на цените, надлежните велат дека граѓаните месечно заштедуваат и по 1.000 денари од оваа мерка.
Аднан Ќаили