РЕГИОН
Експлозија на зараза! Црна Гора со најмногу заболени од Ковид-19 во Европа

Црна Гора е на прво место во Европа по бројот на заразени со коронавируси на 100.000 жители. Податоците од европските статистички центри од крајот на септември покажуваат дека Црна Гора, со стапка од околу 1.699 заразени на 100.000 жители, има највисока стапка на инциденца во Европа.
Следува Ерменија, додека Шпанија е на третото место меѓу 45 европски земји. Пензионираниот епидемиолог, професор Новица Вујошевиќ, процени дека Црна Гора е мошне полошо од другите земји и оти нема големо оправдување за тоа.
„Со оглед на степенот на социјална организација, квалитетот на медицинската услуга и структурата на персоналот, нема оправдување за толку голем број заразени лица“, смета Вујошевиќ.