
По значајната победа во трката за титулата во Саудиска Арабија, првиот човек на Ал Хилал, реши да ги награди своите фудбалери, кои ќе добијат бонус од по 25.000 долари.
На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа како претседателот на клубот разговара со играчите во соблекувалната, а кога им кажал како ќе бидат наградени, започнала голема прослава.
🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨🚨 عاااجل:
المكافأة 100 ألف بعد الفوز 💙 pic.twitter.com/32KjoxuNWK
— أخبار الهلال (@hilalstuff) December 1, 2023
Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ беа клучни за триумфот на Ал Хилал во дуелот со големиот ривал Ал Наср (3-0) за кој игра и Кристијано Роналдо.
Ал Хилал по 15 кола е прв на табелата со 41 бод, седум повеќе од второпласираниот Ал Наср.