ВЕСТИСВЕТ

ЕП ќе расправа за борбата против организираниот криминал и корупцијата во Западен Балкан

Пратениците на Европскиот парламент денеска во Стразбур ќе разговараат за европската интеграција на Западен Балкан и борбата против корупцијата и организираниот криминал во регионот. Во извештајот усвоен од парламентарната Комисија за надворешни работи, кој ќе биде ставен на гласање на пленарна седница по дебатата, европратениците велат дека главните фактори кои го прават Западен Балкан ранлив се невработеноста, корупцијата, дезинформациите, нееднаквоста и надворешно мешање од недемократски режими како Русија и Кина. Се очекува во денешната пленарна расправа, а потоа и во резолуцијата што ќе се гласа утре, европратениците да повикаат на забрзување на процесот на европска интеграција на Западен Балкан, што би помогнало во борбата против организираниот криминал во регионот, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button