РЕГИОН
Ердоган в четврток ќе ја отвори големата џамија во Тирана, со неа ќе раководи турски имам

Како што јавија албанските медиуми, покрај средбата со албанскиот премир Еди Рама, Ердоган ќе ја отвори џамијата „Намазѓа“, за чија изградба најголем придонес има токму неговата земја.
Турскиот претседател присуствуваше и на церемонијата на започнувањето на изградбата во 2015 година, нарекувајќи ја „единствениот симбол на братството меѓу нашите две нации“.
Овој верски објект веќе подолго време е завршен, но турската Влада до сега не прифаќаше да ја предаде поради „конфликтите“ на турските владини претставници со претставниците на Муслиманската верска заедница во Албанија, обвинувајќи дека дел од имамите и раководството се поврзани со организацијата „Фето“.