
Во наредните три дена во Битола, ќе го добиеме новиот освојувач на Купот на Македонија Првпат на Куп-завршницата ќе настапи Чаир 2030, екипа која е веќе хит и во шампионатот на Македонија, Искусниот центар Недим Мустафица верува дека екипата од Чаир може да остави трага и викендов во Битола.
„Со задоволство се враќам во Битола, му честитам на организаторот и не се сомневам дека се ќе помине во најдобар ред. Го почитуваме Еуро Никел. Тоа е состав со исклучително квалитетни играчи, но ние веруваме во своите можности и во Битола не одиме со „бело знаменце“. Ќе бидеме тука да се претставиме во најдобро издание и да ја бараме својата шанса за пласман во полуфиналето“, рече Мустафица.
Во таборот на Чаир владее оптимизам дека во дебито на куп-натпреварувањето ќе се успее да се стигне најмалку до една победа.
„Сосема заслужено сме дел од ова натпреварување. Еуро Никел е тим што го респектираме, тие се единтвениот тим што успеа да слави против нас во Чаир. Ги увидовме грешките од тој меч, добро ќе се подготвиме, се наоѓаме во добра форма од три победи по ред и верувам дека ќе одиграме добар меч“, прокоментира стратегот на Чаир, Ерхан Рамадан.
Дуелот меѓу Еуро Никел 2005 и Чаир 2030 се игра од 14:30 часот. Победникот од овој дуел ќе се сретне со поуспешниот од последното четврттфинале меѓу Пелистер и Феникс 2010.