Ескобар бара од македонската опозиција да го поддржи евроатлантскиот пат на С Македонија

Во интервју за Гласот на Америка , заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар рече дека од опозицијата сака да слушне дека се посветени на патот на евроатлантските интеграции и дека е потребно да се продолжи напред што е можно побрзо, бидејќи ова е најдобриот договор што земјата можеше да го добие.
Ескобар вели дека САД не бара од опозицијата да го поддржи премиерот и дека се надеваат дека сите политички субјекти ќе ги поддржат потребните промени за да може да се продолжи напред во унапредување на кандидатурата на С Македонија во Европската унија. Кредибилитетот на процесот на проширување, според Ескобар, зависи само од С Македонија.
„Она што би сакал да го слушнам од опозицијата е посветеноста на патот на евроатлантските интеграции. И тоа вклучува разгледување начини како Македонија да се доведе до следната Меѓувладина конференција. Би рекол дека кредибилитетот на процесот на проширување зависи од Северна Македонија. Имаме земја која направи сè што е потребно за да премине на следниот чекор и мислам дека го заслужува следниот чекор. И мислам дека сите, и во рамките на Европската унија, и во политичките структури на Северна Македонија, треба да направат сè што е можно за ова да успее“, вели Ескобар.