МАКЕДОНИЈА

Грковска го искарала Артан Груби да не прави партиски конак во министерството

Вицепремиерката Славица Грковска упати предупредување до вицепремиерот Артан Груби да не ги злоупотребува канцелариите на Министерството за политички систем за партиски цели и активности. Како што неофицијално дознава Алсат, кабинетот на Грковска го прифатил и го разгледал случајот на Антикорупциската комисија, која утврди дека Артан Груби ги користел канцелариите на министерството за таму да организра и одржува партиски активности. Имало и случаи кога таму се организирале партиски средби на Али Ахмети.

„Веднаш штом случајот стигна во кабинетот беа преземени активности за да се утврди дали има прекршувања на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и јавните службеници назначени или избрани од Владата. Потврдено е дека Етичкиот кодекс е прекршен, за што г-ин Груби е опоменат“, наведуваат од кабинетот на вицепремиерката Славица Грковска.

Кабинетот Грковска претходно иста ваква опомена поради кршење на етичкиот кодекс испрати и до министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Тој користел службен автомобил за партиски и изборни активности. Антикорупциската комисија констатираше и дека во МНР нема извештај и релевантни докази за користењето на гориво во некои од службените автомобили.

Сепак, пред неколку дена вицепремиерката Славица Грковска изјави дека етичкиот и моралниот кодекс за функционерите во државата не игра важна улога. И самата нагласи дека на некои функционери им е полесно да си платат казна и да продолжат со истото неетичко однесување, отколку да ги почитуваат етичките и морални вредности во државата и општеството.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button