ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сексуално злоупотребуваното девојче од Тетово првично било згрижено во Завод

Четиринаесетгодишното девојче од Тетово кое било сексуално тргувано од страна на нејзиниот тутор, првично било сместено во Заводот за социјална заштита со судска одлука. Алсат неофицијално дознава дека нејзините родители биле лишени од родителските права, а Заводот назначил старател кој требало да се грижи за неа. Причината зошто девојчето завршило во Заводот неофицијално дознаваме дека е претходно семејно насилство. Но, останува нејасно како во рацете на истата старателка, која во случајот сега е главноосомничена, завршиле и уште две деца на возраст од 10 и 7 години, инаку брат и сестра на девојчето. По организираната криминална група полицијата трагала скоро една година, а во истрагата биле вклучени Заводот и други институции. Според министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, групата за истите цели неколку пати го злоупотребувала 14-годишното девојче.

Осомничените се во 30 дневен притвор. Обвинителството соопшти дека од податоците од предистражната постапка е констатирано дека старателката го користела и злоупотребувала отежнатиот здравствен статус на жртвата и во соработка со 3 лица, од кои две од Тетово и едно од Гостивар, ја присилувале на секс под закана дека ако одбива, тогаш нејзините брат и сестра ќе бидат вратат дома кај нивната мајка или во Заводот за социјална заштита. За ваквите услуги групата од другите осомничени добивала од 50 до 200 евра.

Старателката и уште тројца осомничени го повторувале делото скоро една година, од летото 2020 година до септември 2021-вата. 11-тте осомничени ќе бидат гонети за кривично дело „трговија со деца“. Деветмина од нив се во притвор, еден е на болничко лекување, а последниот им е недостапен на органите на прогонот.
Споменатото кривично предвидува казна затвор од 8 до 10 години.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button