ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кабадаи со булдожер на диво си правеле паркинг во дворот на поликлиниката Бит Пазар

Ја скршиле оградата на дворот на Поликлиниката Бит Пазар и синоќа после 19 часот почнале со градежни работи.

Работата им ја прекинала полицијата. Две лица завршиле со лисици, а им била запленета и градежната механизација. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска коментира: станува збор за чиста узурпација на имот.

Директорот на Здравствениот дом – Скопје, Виктор Исјановски, под чија надлежност се и поликлиниките, рече дека е неверојатно некој без никакво известување во вечерните часови, кога освен дежурните служби нема многу вработени, ниту пациенти, почнал да гради на државно земјиште и во дворот на поликлиниката.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button