ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Меѓаши“ со коментар за злоупотребата на девојчето од Тетово

Немоќ и неуспех на државата. Вака детската амбасада „Меѓаши“ го коментира случајот со злоупотребата на малолетното девојче од Тетово. Според Драги Змијанац, случајот го докажал неуспехот и дефектот на институциите во земјата во откривањето на ваквите случаи. Ако тој не добие епилог во интерес на децата, дефинитивно ќе овозможи повторување на вакви настани и во иднина.

Според „Меѓаши“, институциите за социјална заштита се клучни во откривањето на ваквите случаи во моменти кога родителите не се грижат за своите деца. Образовните програми треба да вклучуваат и материјали за подигнување на свеста за заштита на приватноста на децата.

Во „Меѓаши“ се пријавени околу 1.000 случаи на сексуална злоупотреба на малолетници, но се смета дека зад секој откриен случај, постојат уште најмалку 5-6 други кои од различни причини не биле пријавени.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button