Ескобар: Не дојдов да правам торура, сакаме да ве видиме во ЕУ

Заменик помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, истакна дека во Скопје не е дојден за да врши каков било притисок врз кој било политички субјект, туку дека на средбата со Христијан Мицкоски ќе ги повтори пораките кои и во неколку наврати претходно ги има кажано, а тоа дека државите од Западен Балкан се партнери на САД.
Нема никого да подложуваме на тортура, САД не избира влади на земјите членки на НАТО, меѓутоа поставуваме очекувања и единствената работа за која ќе зборувам е да ја дадам истата порака што ја пласирам во регионот, дека САД, ги гледа како природни партнери оние кои се посветени на европската интеграција и борба против корупцијата. Сакам тоа да го кажам, но сакам и да слушнам и да имам отворена размена на гледишта и се надевам дека повеќе имаме да кажеме по состанокот, порача Ескобар, додавајќи дека САД сакаат да ја видат Македонија во ЕУ.