
Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар е оптимист за решавање на кризата во Косово. Тој смета дека не е време за милитаризација туку за преговори и дека Србија не треба да ја враќа војската на Косово. „Србија и Приштина не се приоритет, туку целиот Западен Балкан. Здружувањето е неопходно, бидејќи „иднината ќе ви биде подобра во интеграциите, отколку преку разделување“ изјави Ескобар во интервјуто за белградската телевизија Н1. Ескобар, по средбата со претседателот Александар Вучиќ и Мирослав Лајчак вчера во Белград, порача дека „постојат елементи на оптимизам“ во поглед на решавање на кризата на Косово, притоа не сакајќи да навлегува во детали на денешните разговори.