ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Нови дојави за бомби во неколку училишта во Скопје и во Куманово

Дојави за поставени бомби пристигнале утринава во неколку скопски училишта, потврдуваат од МВР.

Дојави за бомби, според сознанија, има во основното училиште „Александар Македонски“, „Љубен Лапе“ и во „Лазо Ангеловски“ на територија на Општина Аеродром, гимназијата „Зеф Љуш Марку“ во Чаир и во училиштето „Сами Фрашери“ во Куманово.

Дојава за поставена бомба утрово има и во кумановското Основно училиште „Браќа Миладиновци“, потврдија денеска надлежните од училиштето и од Советот на родители.

– Екипите на СВР Куманово се на терен, учениците и наставниците безбедно се евакуирани, изјави за МИА директорката на училиштето Јасмина Спасовска.

Освен во средни и основни училишта, анонимни дојави за поставени бомби nа почетокот на неделава имаше и во институции и трговски центри.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button