ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

ЕСМ ги доби лиценците за греење, имаме гас за само две недели

ЕСМ ги доби лиценците за греење, имаме гас за само две недели

Во „5 до 12“ или поточно на последниот ден пред стартот на грејната сезона Регулаторната комисија за енергетика ѝ ги додели лиценците за работа на ЕСМ за преземање на бизнисот со топлинска енергија во Скопје. Сега надлежните уверуваат дека домаќинствата и фирмите кои се приклучени на системот со кој досега управуваше БЕГ од утре наутро ќе имаат греење. Регулаторот гарантира температура на радијаторите од 21 степен. Државната ЕСМ доби лиценци за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.

„Со издавањето на овие лиценци се исполнети сите предуслови коишто се потребни за започнување на грејната сезона во градот Скопје на 15 октомври, односно таа ќе започне од утре“, изјави Марко Бислимовски претседател на РКЕ.

Во моментов државата има набавено природен гас за следните две недели, но регулаторот уверува дека парно греење ќе има до крајот на грејната сезона. Доколку нема гас, ќе се гори друг енергенс како нафта или мазут. Неизвесно е дали приватната централа ТЕ-ТО ќе работи поради цената на природниот гас на берзите, но Беслимовски вели скопјани имале парно и пред 2012 година кога оваа електрана започна да работи и топлината што се создава да се користи и за греење на скопјани.

Регулаторот информираше дека грејната сезона во Србија, Италија, Германија, Швајцарија и уште дел од поразвиените држави го одложија стартот на грејната сезона, а во дел од земјите максималните загарантирани температури на парното не надминуваат 19 степени.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button