ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЕСМ започнува со подготвителни активности за санација на цевководот на мостот „Беласица“

АД ЕСМ почнува со подготвителни активности  за санација на цевководот на мостот „Беласица“ во Скопје и уверува дека цевководот ќе биде целосно функционален и ќе се обезбеди непрекинато парно греење за граѓаните на Град Скопје. Согласно законската обврска на 15 октомври, како што велат од компанијата, радијаторите ќе бидат топли, граѓаните да бидат спокојни, парно ќе има.

-Во текот на изминатите недели, АД ЕСМ активно работи на решение за проблемот со цевководот кај мостот Беласица, кој е од суштинска важност за парното греење во Град Скопје. Успешно беа отстранети оштетените цевки и донесени се нови. Бидејќи мостот е под надлежност на Град Скопје, АД ЕСМ е во постојана комуникација со нив и се бара заедничко решение за санирање на овој проблем, поосочуваат од АД ЕСМ.

Нагласуваат дека поставувањето на новите цевки е комплексна активност и бара сериозна посветеност и работа и додаваат дека ќе се вложат максимални напори за санацијата да заврши во најкус можен рок.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button