ВЕСТИРЕГИОН

ЕУ допрва треба да ги договори измените во преговарачката рамка за Србија

Иако поминаа два месецa откако Европската Kомисија и Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) доставија предлог за промена на условите од Поглавјето 35 од преговарачката рамка во процесот на преговорите за членство со Србија, потребниот консензус за одобрување на овие промени се уште не се постигнати во Советот на ЕУ.

Радио Слободна Европа дознава дека сè уште постојат разлики во ставовите меѓу земјите членки, а белгиското претседателство со ЕУ прави напори да ги надмине овие разлики.

Според истите извори, некои земји не го прифатиле првиот предлог на Европската Комисија за овие измени.

Некои земји-членки потоа ги дадоа своите предлози и тие беа дискутирани во работните групи на Советот кои се занимаваат со Западен Балкан и процесот на проширување.

Дипломатски извори во ЕУ тврдат дека за ова прашање во текот на април ќе разговараат амбасадорите на ЕУ во Комитетот на заменици на постојаните претставници на сите земји-членки (КОРЕПЕР).

Целта на промената на таа рамка е да се вклучи имплементацијата на Договорот за патот кон нормализација на односите со Косово, постигнат во февруари минатата година, во поглавјето 35 од преговорите за членство, како посебен услов за Србија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button