СВЕТ
ЕУ ги продолжи санкциите за одговорните за загрозување на суверенитетот на Украина

Советот на Европската унија реши да го продолжи за уште шест месеци, до 15 март 2023 година, времетраењето на санкциите против одговорните за поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина. Како што се наведува во соопштението на Советот на ЕУ, постојните рестриктивни мерки предвидуваат ограничувања за патување на физички лица, замрзнување на имотот и забрана за ставање на располагање средства или други економски ресурси на наведените физички и правни лица. Санкциите ќе продолжат да се применуваат на 1.206 поединци и 108 ентитети, од кои многу се цел на овие мерки како одговор на воената агресија на Русија.