ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЕУ интеграции, Димитров: Пораз на Конференцијата во јуни – прескап пораз за сите вклучени страни

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, за време на денешната седница на Советот за евроинтеграции, на која свое излагање имаше и францускиот амбасадор во земјава, изрази надеж дека Конференцијата за западен Балкан за време на француското претседавање со ЕУ би бил можност сите страни вклучени во процесот за почеток на преговори меѓу Македонија и ЕУ да избегнат повторно да доживеат пораз, што како што оцени, би било прескапо за сите инволвирани страни.

Advertisements

„Се надевам дека најавениот Самит меѓу ЕУ и Западниот Балкан, кон крајот на француското претседавање во јуни ќе направи контекст каде што ќе биде прескапо повторно да се соочиме со пораз сите вклучени во овој процес“, рече Димитров.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button