МАКЕДОНИЈА
ЕУ интеграција, Лефков: Да се намали оптимизмот, граѓаните се разочарани

Новиот мандатар, Ковачевски, не гради ставови за обединување на државата, оценува пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. Како што рече тој, во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон..“ на Алсат, за успешен старт на преговорите со ЕУ потребни се неколку важни аспекти:
„Потребно е да не се создаваат нови поделби во општеството и да се намали со оптимизмот затоа што нашите граѓани се премногу разочарани. Политичарите нека си ја вршат својата работа, да бидат поотворени, да доаѓаат во Собранието, а не да ги игнорираат средбите. Тоа ќе биде формулата за успешен старт за преговори. Со лаги и пропаганда, ништо“, вели Лефков.