РЕГИОН

ЕУ ќе го води Дијалогот Белград – Приштина „на два паралелни колосека“


Во Брисел денеска ќе се одржи средба помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти со посредство на Европска Унија, како прв чекор во обновениот Дијалог Белград – Приштина.

Според српската новинска агенција ТАНЈУГ, ЕУ планира од септември да го интензивира Дијалогот и да го води „на два паралелни колосека“.

Едниот „колосек“ ќе биде посветен на финализација и конечна примена на сите досега потпишани договори, а вториот е работа на договор за сеопфатна нормализација.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button