ВЕСТИСВЕТ

ЕУ се обидува да ја координира изолацијата на Британија

Европската унија ќе се обиде да ги усогласи мерките воведени од земјите-членки за да спречат пристигнувања од Британија по откривањето на нов вид на вирусот корона, кој „излегол од контрола“, соопштија европски дипломатски извори. Вчера во Брисел беше свикан итен состанок на европскиот механизам за одговор на кризата за да се разгледаат различни опции за повторно отворање на границите со Британија на координиран начин и со истите мерки, рече еден од изворите.

Овие мерки, дискутирани на ниво на експерти, денеска треба да бидат презентирани пред амбасадорите на земјите-членки на ЕУ и тие треба да се договорат колку ќе траат, колку ќе бидат големи и како ќе бидат координирани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button