ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЕУ тешко се извлекува од кризата, а еве што треба да стори Македонија

ЕУ тешко се извлекува од кризата, а еве што треба да стори Македонија

Сè поизвесно е дека 2023 ќе биде година на пребродување на неколкугодишната глобална криза. Со засилено темпо започнаа да се активираат најмоќните европски економии. За работите да се подобрат и во Македонија, потребно е навремено да се реагира. Владата да се посвети на економијата, да се донесат мерки и програми кои ќе придонесат за економски развој на државата.

Advertisements

И годинава главните проблеми на компаниите од Македонија ќе бидат трошоците за струја. Инфлацијата ќе се намалува, но цените на суровините во индустријата и натаму ќе бидат високи. Најсериозен предизвик за стопанството годинава е како да се најде и задржи квалификуван кадар, кој не се задоволува само со висока плата.

Академикот Таки Фити вели дека мора да се направат напори за намалување на долгот на државата, бидејќи кога ќе се случи некоја нова криза, Владата нема да може да дејствува и да ја смири ситуацијата. Затоа е потребно намалување на буџетскиот дефицит. Сега е потребно да се зголемат јавните инвестиции, особено во енергетиката, но и во човечкиот капитал. За целосно опоравување Таки Фити смета дека домашните компании мора да имаат поголема соработка со странските извозно-ориентирани корпорации кои дејствуваат во земјава.

„Ако фирмите обезбедат добар квалитет, странците и тоа како се заинтересирани за соработка, бидејќи тоа им ги намалува трошоците на производство“, рече Таки Фити, академик.

Во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд се наведува дека 2023 година и нема да биде така лоша како што се најавуваше. Ризици сè уште постојат, но тоа што е битно за ММФ е тоа што европските економии се покажале доста отпорни, па растот кој го оствариле во третиот квартал лани е изненадувачки и остава простор за дополнителен оптимизам.

„Глобалната инфлација се очекува да падне од 8,8 отсто во 2022 година, на 6,6 отсто во 2023 година и 4,3 отсто во 2024 година. Глобалните услови се подобрија бидејќи инфлациските притисоци почнаа да се намалуваат“, велат од ММФ.

Проекциите на нашата Влада за економскиот раст за годинава се дека тој ќе изнесува 2,9 отсто. Експертите пак, сметаат дека тоа е ниско ниво со образложение дека во една нормална околност без никакви сериозни екстра-активности, економијата сама по себе испорачува раст од три отсто. Сепак и годинава сè зависи од војната во Украина, какви последици ќе донесе таа и дали ќе почне да се смирува./Алсат.мк

Иле Петрески

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button