ВЕСТИСВЕТ

ЕУ тестира поморски пат за да испорача помош за Газа

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека брод со хуманитарна помош од Кипар ќе се упати кон Газа, со цел да се тестира нов поморски коридор за директна испорака на помош.

„Брод што припаѓа на шпанската невладина организација „Опен Армс“ ќе направи пробно патување“, изјави Урсула фон дер Лејен за новинарите во кипарското пристаниште Ларнака, каде присуствуваше на подготовките за испорака на хуманитарната помош.

Според неа, коридорот се очекува да биде отворен во недела (10 март).

Фон дер Лејен, говорејќи на прес-конференција со кипарскиот претседател Никос Христодулис, додаде дека Европската Унија, заедно со САД, Обединетите Арапски Емирати и другите земји партнери, отвораат морски коридор за да испорачаат големи количини помош за Газа како одговор на хуманитарната катастрофа.

Претходниот ден американскиот претседател Џо Бајден објави план за отворање на крајбрежно пристаниште за испорака на помош во Газа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button