ВЕСТИСВЕТ

ЕУ загрижена за односите со САД

Околу 50 европски лидери, вклучувајќи го и украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на НАТО Марк Рут, во Будимпешта, ги преиспитуваат своите трансатлантски односи со надеж дека второто претседателство на Доналд Трамп во САД ќе ги избегне политичките препирки и стапици на неговата прва администрација. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Европа не треба да остане статична наспроти Кина и САД, и ги повика своите колеги да преземат мерки за да се осигура дека Европа ќе стане целосно независна сила.

Advertisements

“Треба да создадеме агенда за заштита на нашата демократија, нашите демократски правила, нашето јавно мислење, начинот на кој нашите сограѓани го формираат своето мислење,  да можат слободно да гласаат. Ако станеме театар на надворешна пропаганда бидејќи сме наивни и едноставно сметаме дека демократијата обезбедува систем но не се занимава со регулирање на содржината, нашите либерални демократии ќе бидат одземени од нашите раце. Треба да изградиме исклучително амбициозна позитивна агенда и да бидеме свесни за тоа колку голема Европа имаме. Тоа е геополитичка сила без преседан, но досега ние едноставно не се претставуваме себеси дека сме целосно независна сила. Ние сметаме дека треба да ја делегираме геополитиката на Соединетите Американски Држави, дека треба да го делегираме нашиот модел на раст на нашите кинески клиенти“, рече Макрон.

Домаќинот на самитот, унгарскиот премиер Виктор Орбан, пријател на Трамп изјави дека веќе имал телефонски разговор со следниот претседател, додавајќи: “Имаме големи планови за иднината!”

„Ситуацијата во Европа е тешка, комплицирана и опасна. Ние сме во третата година од војната на Русија против Украина, Блискиот Исток гори поради терористички напади и конфликтот може да ескалира. Се сретнавме денес бидејќи веруваме дека опасностите и предизвиците влијаат на сите нас. Одговорите дадени денес ќе ја одредат иднината на Европа пред нас”, порача Орбан.

“Се направи многу врева, можеби не на вистинскиот начин, за неговото враќање. Моето искуство вели дека додека тој беше претседател и сите велеа дека НАТО ќе ослабне, НАТО стана посилен. Па ајде да почекаме и да не бидеме хистерични пред да ја видиме реалноста”, рече Еди Рама, премиер на Албанија.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, зборуваше за новите закани кои би можеле да ги загрозат САД.

“Русија испраќа најнова технологија на Северна Кореја во замена за помош на Северна Кореја во војната против Украина, и тоа е закана не само за европскиот дел на НАТО, туку и за територијата на САД и тоа значи дека Индо-Пацификот и Евроатлантикот, но особено во рамките на НАТО – САД,  Канада и европскиот дел на НАТО мора да работат заедно”, рече Руте.

За време на неговата кампања, Трамп се закани со трговска војна со Европа, повлекување на обврските на НАТО и промена на поддршката за Украина во војната со Русија.

Администрацијата на Трамп во мандатот од 2016-2020 година наметна тарифи за челик и алуминиум на ЕУ, врз основа на тврдењето дека странските производи, дури и ако се произведени од сојузниците, се закана за националната безбедност на САД.

Следниот европски политички состанок ќе се одржи во Албанија во првата половина на следната година.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button