ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Еве кој вид на КОВИД-19 е присутен деновиве низ Македонија

Во време на сезонските вируси се бележи благ пораст на инфекциите со корона вирусот. Кога сите мислеа дека пандемијата е завршена, како отежнувачка околност влијае студеното време со грип, па последнава недела има заболени од типот Омикрон. Од Центарот за јавно здравје – Скопје велат дека бројките во моментов не се загрижувачки, но треба да се внимава бидејќи првите симптоми меѓу грипот и корона вирусот се многу слични.

„Секако дека падот на имунитетот може да резултира и со зголемување на нови позитивни случаи. Досега не сме забележале многу, но сепак останува одговорност и кон сезонскиот грип и против болеста Ковид-19, со мерките кои се споменати. Повторно сакам да апелирам луѓето треба да бидат внимателни при собирање во затворени простори со повеќе луѓе. Оние кои покажуваат симптоми како кивање, кашлање, температура треба да се пазат, бидејќи може да се работи за Ковид и сезонски грип, но и настинка“, вели Бесим Зеќири, Директор на ЦЈЗ Скопје.

Според последниот извештај на Министерството за здравство, минатата недела имало зголемување на бројот на позитивни случаи за 14,8 отсто или од направени 3.281 тест, биле потврдени 196 нови случаи на КОВИД-19. Најпогодени се постарите од 60 години и оние со хронични заболувања.

Министерство за здравство:

„Скопје – 127, Прилеп – 21, Охрид – 10, Битола – 8, Штип – 5, Кавадарци и Кочани – 4, Неготино – 3, Куманово, Струмица и Кичево – 2, Тетово, Велес, Гостивар, Струга, Гевгелија и Дебар од 1.“

Досега во нашата земја се направени над 2,18 милиони анти-ковид тестови. Бројот на оздравени лица е 344.556, бројот на починати 9.572, бројот на активни случаи 214. За вакцинирање, актуелно има многу мал интерес. Со една доза се вакцинирани 875.849 лица, а целосно се имунизирани 856.930.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button