МАКЕДОНИЈА

Отфрлена тужбата против Теута Арифи, Касами го обвинува Ислам Абази

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја отфрли тужбата на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, против поранешната градоначалничка Теута Арифи, за злоупотреба на службената положба. Касами денеска обвини дека отфрлањето на тужбата е резултат на изборот на Ислам Абази за нов шеф на ова обвинителство. За случајот ги информирал сите странски амбасади во земјава и побара поагресивна интервенција од САД за борба против корупцијата.

„Како за иронија на судбината, во петокот минатата недела, Обвинителството за гонење на организиран криминал го испрати првиот одговор дека тужбата што општина Тетово ја поднесе против потпретседателот на ДУИ е одбиена. Значи, излезе резултатот на обвинителот од Зајас. Тужба се чуваше во фиока шест месеци и кога дојде веднаш ја одби. За ова се известени амбасадите, поточно американската амбасада и силно веруваме дека само со поагресивна интервенција како што беше кажано во нивната изјава, ќе може да се стави под контрола корупцијата и злоупотребата на позицијата во РСМ“, вели Касами.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button