Еве колку години има најстариот студент на УКИМ

Муса Идризи има 64 години, а секој петок во 17 часот посетува предавања на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Ова недела и ние бевме со него. Ни раскажа дека кога бил помлад не можел да ги продолжи студиите поради несреќа, но сега се чувствува како да се вратил во времето и се доживува како млад студент.
„Да се биде студент на 64 години е многу добра работа затоа што во овие години е многу добро да се влезе во амфитеатар и да се слушаат предавања од еминентен професор. Се чувствувам презадоволно затоа што ми се исполни желбата и можам да бидам на овој Универзитет како што е „Свети Кирил и Методиј“ што има големо име и кога ќе доаѓам овде уживам“, вели Муса.
Покрај Муса, во здружението на пензионери „Трета доба“ има уште 70 пензионери кои посетуваат предавања на различни теми. Најстариот меѓу нив има 92 години, но кога ние бевме, тој отсуствуваше од предавањето.
Иако дел од нив ги немаше денеска, Муса и Лилјана се секогаш таму, а предавањето што денеска го закажаа беше за информација околу покачувањето на пензиите.
Претседателот на здружението на овие пензионери почина пред неколку месеци и сега овие студенти чекаат да изберат нов претседател. Мотото во нивниот индекс гласи: „Вечно учење за активен и достоинствен живот“.
Авни Тахири