ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Еве во кои државни загубари ќе се кратат менаџерските плати

Еве во кои државни загубари ќе се кратат менаџерските плати

Министерството за финансии започна со откривање на државните институции, јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на државата кои во второто тримесечје од годинава пријавиле огромни загуби. Од Министерството за финансии овие загуби се резултат на лошо менаџирање на раководствата, кое се очекува да се најдат на листата за кратење од 10 отсто од платите и 20 отсто од бенефициите како нова антикризна мерка на Владата.

Advertisements

„Најголемата загуба е забележана во Ј.П. „Државни патишта“ 9,4 милиони евра. А.Д „Водостопанство“, загуба од над 2 милиони евра. А.Д Електрани на Северна Македонија – ЕСМ само 3 месеци работи со загуба од 1,4 милиони евра. Ј.П. „Македонски шуми“ забележа загуба од 42 милиони денари, Ј.П. „Пошта“ со негативен финансиски резултат од близу 62 милиони денари, додека Железници – инфраструктура од 61 милион денари. Со загуба работеше и ЈП за Одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје, со сума од 23 милиони денари, а негативен резултат имаше и „Националната Радио телевизија“ со 6 милиони денари“, велат од Министерство за финансии.

Во меѓувреме со високи плати предничат членовите на Одборот за Телеком, Агенцијата за електронски комуникации, МЕПСО, ЕСМ, РКЕ, а потоа следуваат 17 министерства и 32 државни агенции. Според ревизорскиот извештај, државната акционерска компанија „Га-Ма“ која стопанисува со магистралниот гасовод на Македонија што доаѓа од Бугарија, за 58-те вработени лани, пријавила близу 1,1 милион евра само за плати. Според ревизорскиот документ директорот Александар Арсиќ и членовите на Управниот одбор Рафиз Алити, Ристо Талевски, Бетиан Китев, Сашко Костов, како и други вработени примиле 1.500 евра бруто со придонеси. Премиерот Ковачевски најави дека е донесена одлука за преиспитување на менаџерските договори во поголем број институции во надлежност на Владата, а Комисијата за економски систем доби задача да ја утврди новата форма.

Според планот за фискална консолидација одобрен од Владата за намалување на трошоците во државните институции, намалувањето на платите ќе влијае на вработените со договори на дело, како и на вработените во јавниот сектор со решенија кои имаат приходи повисоки од просечната плата и не се продуктивни на работа.

Аднан Ќаили

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button