ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Евидентно е загадувањето на воздухот во Тетово по пожарот во депото за бои и лакови

По вчерашниот пожар во магацинот во Тетово, ќе се направи анализа за нивото на загаденост на водата и почвата околу објектот, информираше министерката за животна средина Каја Шукова. Таа подвлекува дека загадувањето на воздухот е евидентно, но во државата не постои акредитирана метода со која може да се измери испарувањето на органските загадувачи.

Од Институтот за јавно здравје во Тетово велат дека во моментов се прават испитувања на водата, чии резултати треба да бидат објавени во понеделник.

Сè уште не е познато дали компанијата имала елаборати за заштита на животната средина. Од Општина Тетово велат дека претпријатието немало интегрирана А дозвола и хидрант за гаснење на пожар.

„Според информациите кои ги има општина Тетово, компанијата нема интегрирана А дозвола, од друга страна, најважна е информацијата дека компанијата која синоќа беше зафатена од пламен немала ниту поставен хидрант за гаснење на пожар, што за овие објекти е законска обврска. Останува на надлежните институции да ги преземат потребните истраги и мерки“, рече Бесарта Рамадани, Општина Тетово.

Од Министерството за екологија рекоа дека ваквите компании не спаѓаат во системот на интегрирани дозволи А и Б, туку под контрола врз основа на доставен елаборат за кој општината мора да даде согласност.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button