ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Еврокомесарот Оливер Вархели оцени дека Македонија направи прогрес во патот кон европските реформи

Еврокомесарот Оливер Вархели оцени дека Македонија направи прогрес во патот кон европските реформи. Порача дека справувањето со корупцијата и реформата на јавната администрација се сегменти во кои земјава мора да продолжи да работи.
„Северна Македонија ја покажа својата одлучност и направи прогрес во имплементацијата на европските реформи, вклучително и во делот на владеење на правото, борбата против корупцијата и организираниот криминал. Земјата треба да го задржи моментумот. Борбата против корупцијата мора да продолжи со дополнителни напори во делот на реформите во јавната администрација“