ВЕСТИРЕГИОН

Еврокомесарот Вархеји во Албанија и Косово

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска ќе ги посети Албанија и Косово. Тој претходно престојуваше во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија. Вархеји во Владата имаше средба со премиерот Зоран Заев и го посети центарот за вакцинација во арената „Борис Трајковски’’, заедно со австриската министерка за ЕУ Каролине Едштадлер. Вархеjи истакна дека не е лесно да се обезбедат вакцини и изрази голема благодарност до владата на Австрија, а министерката Едштадлер додаде дека е среќна затоа што Австрија и ЕУ успеаја да обезбедат 650.000 дози вакцини за Западен Балкан, од кои 120.000 за Северна Македонија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button