РЕГИОН

Европол: Уапсени 10 лица, меѓу кои и водач на криминална мрежа со седиште во Западен Балкан

Европската полициска канцеларија (Европол) денеска соопшти дека во последната акција се уапсени 10 лица, меѓу кои и водач на криминална мрежа со седиште во Западен Балкан, а запленети се и значителни количини оружје, експлозиви и дрога.

Advertisements

Акцијата траела неколку дена, а по тој повод Европол им даде поддршка на полициските сили на Словенија и Босна и Херцеговина.

Криминалната мрежа од Западен Балкан била одговорна за извршување насилни злосторства, трговија и дистрибуција на дрога, но и за снабдување со оружје и експлозиви на мрежите на организиран криминал со седиште во земјите-членки на ЕУ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button