СВЕТ

Европската комисија бара големите технолошки компании да ги промовираат белоруските опозициски медиуми

Европската комисија бара големите технолошки компании да ги промовираат белоруските опозициски медиуми

Европската комисија бара од Гугл и другите големи технолошки компании да им помогнат на дисидентските белоруски медиуми така што повеќе ќе ги промовираат нивните содржини од прорежимските медиуми, за кои опозициските новинари тврдат дека ги фаворизираат алгоритмите за пребарување.

Белоруските новинари во егзил се пожалија на Европската комисија дека содржината во која се критикува режимот на Александар Лукашенко не успеваат да дојдат до саканата публика, делумно затоа што алгоритмите за пребарување што ги користат Гугл, Mета и други, како што тврдат, неправедно ги земаат предвид правилата на Лукашенко за цензура на медиумите.

„Борбата против дезинформациите и промовирањето на слободата на медиумите се две страни на иста паричка и сакаме големите технолошки компании да работат на двете“, изјави за „Фајненшл тајмс“ потпретседателката на Комисијата, Вера Јурова.

Како што додаде таа, „ова значи обезбедување на видливост на веродостојни информации на Интернет, а не на пропагандата на Минск или Кремљ“.

Јурова, исто така, ги критикуваше платформите поради ширење пропаганда од Белорусија и Русија, блискиот сојузник на Белорусија.

Белоруските новинари, исто така, предупредија дека ситуацијата се влошува бидејќи Гугл Њуз не е достапен на белоруски, со што се ограничува тоа што белоруските читатели можат да го најдат на интернет.

ЕУ ги иззема државните медиуми од санкциите наметнати на Белорусија по руската агресија врз Украина во 2022 година, додека ги забрани руските медиумски веб-страници.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button