РЕГИОН

За четири години Косово го напуштиле 156.000 жители

За четири години Косово го напуштиле 156.000 жители

Министерството за внатрешни работи на Косово соопшти дека за четири години, од 2018 до 2022 година, Косово го напуштиле 156.080 лица.

„Билансот на меѓународната миграција, нето миграција, во Косово за 2022 година изнесува 30.889 жители или 1,75 отсто од постојаното население. За периодот од 2018 до 2022 година, се проценува дека Косово го напуштиле 156.080 жители или околу 8,85 отсто од населението на земјата“, се наведува во соопштението, а пренесуваат приштинските медиуми.

Во периодот од 2020 до 2022 година, на Косово емигрирале 26.329 жители, додека од Косово емигрирале повеќе од 93.000 жители.

„Од 1 април 2011 година се проценува дека 703.978 жители живеат во странство, на крајот на 2022 година се проценува дека повеќе од 949.719 жители или 53,89 отсто од населението на Косово се во странство“, се вели во податоците на Министерството за Внатрешноста на Косово.

Како што пишува порталот Репортерс, на Косово му се заканува уште поголема миграција по либерализацијата на визите, од 1 јануари годинава.

Портпаролката на приштинскиот аеродром Валентина Гара вчера соопшти дека за само една недела преку приштинскиот аеродром „Адем Јашари“ надвор од Косово патувале над 83.000 луѓе, меѓу кои и емигранти кои дошле за новогодишните празници.

Таа изјави дека во првата недела од јануари од приштинскиот аеродром биле направени 620 летови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button