ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Само половина од граѓаните имаат нови документи со „Северна“

Само половина од граѓаните имаат нови документи со „Северна“

Ваква беше атмосферата денеска за подигнување на лични документи. Со завршувањето на празниците се врати хаосот пред шалтерите. Бројни поплаки од граѓани кои од 07 часот чекаат во ред за да си подигнат лични карти и пасоши.

„Бев за пасош и лична карта. Имаше гужва. Не знам каде е проблемот. Трет пат доаѓам, истата ситуација е. Лошо е да доаѓате три пати по ред и да изгубите три дена. Зошто не го прават тоа со рок како што доставивме и после десет дена да ги добиеме. Сега доаѓаме секој ден и се чека 4-5 часа“, рече еден граѓанин.

Но, од МВР велат дека ги користат сите капацитети.

„Покрај редовната работа со распоред, овозможивме и фотографирање за лични документи без распоред во полициската станица „Пролет“. Во однос на подигнувањето на веќе изработените документи, шалтерите работат и за викенди и тоа го објавуваме преку медиумите за граѓаните да бидат информирани кога и каде можат да ги добијат документите“, велат од МВР.

Од МВР соопштуваат и дека бројот на заменети документи до 31 декември 2023 година изнесува 1.007.885 лични карти, 1.169.463 пасоши и над 529.000 возачки дозволи. Последниот рок за размена на личните документи со новото име на државата е 12 февруари./Алсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button