ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Европски сојуз за промени: Административците се под притисок на ДУИ

Од Европскиот сојуз за промени велат дека до нив стигнале многу поплаки од граѓани кои работат во државни институции, а според кои, трпат притисоци од раководителите на институциите да одат на партиски собири на ДУИ. Од албанската опозиција посочуваат дека најновиот притисок доаѓа во форма на најава дека оние кои одбиваат, ќе се соочат со ригорозни административни тестирања.

„Секако дека сме за унапредување на знаењата на вработените, нивна обука, но овие одлуки сега претставуваат само притисок за административните службеници. Ваквите одлуки пред избори не се ништо повеќе од комунистички механизам за уцена, условување и заплашување на сите вработени во државната администрација. За жал, на овој слој на кој му се ускратува унапредувањето во кариерата со задржување на работни места помлад соработнк со децении, покрај големите проблеми со инфлацијата и осиромашувањето на населението, сега му се става дополнителен товар и дополнителна закана дека доколку не размислуваат и не прават како што велат од партијата, ќе ги избркаат од работа, ќе им ја стопираат и платата што ја испраќаат дома кај децата и семејствата, враќајќи ја политичката диференцијаца како во времето на комунизмот“, рече Фејсал Беадини, Европски сојуз за промени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button