ВЕСТИСВЕТ

Фармацевтска компанија тврди дека има 90% ефикасна вакцина против Ковид-19

Производителот на лекови „Фајзер“ денеска објави дека раниот преглед на податоците добиени од вакцината за коронавирус покажува дека таа има ефикасност повеќе од 90%, што, како што наведуваат, е  многу подобра од очекуваната, пренесува Си-Ен-Ен.

Таканаречената привремена анализа ги разгледала првите 94 потврдени случаи на Ковид-19 меѓу повеќе од 43.000 волонтери кои добиле или две дози на вакцина или плацебо. Откриено е дека помалку од 10% инфекции се забележани кај лица на кои им била дадена вакцината. Повеќе од 90% од случаите биле кај луѓе на кои им било дадено плацебо.

Од Фајзер велат дека вакцината обезбедува заштита седум дена по втората доза и 28 дена по почетната доза на вакцината.

Во соопштението фармацевтскиот гигант додава дека планира да побара овластување за итна употреба од американската Агенција за храна и лекови (ФДА) штом волонтерите бидат следени во текот на два месеца по добивањето на нивната втора доза од вакцината, како што побарале од ФДА.

„Фајзер“ соопшти дека условот ќе го исполнат до третата недела од ноември.

Од фармацевтскиот гигант откриваат дека во вториот дел од истражувањето ќе утврдуваат дали  вакцината може да обезбеди долготрајна заштита од болеста „Ковид-19“, дури и кај пациенти кои биле претходно заразени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button