ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Фетау: ИВЗ ја најдовме во мизерна економска ситуација

Поглаварот на Исламската верска заедница во земјава, Шаќир Фетаху, во вечерашното гостување во Емисијата 200 на Алсат, наведе дека го нашол ИВЗ во мизерна финансиска состојба и дека касата на оваа институција има средства за плати само еден месец. Според него, оваа институција влегла во оваа финансиска состојба од повеќе причини, вклучувајќи го и губењето на довербата на граѓаните во ИВЗ како верска институција.

„Мислам дека имало многу причини што довеле до таква криза. Убеден сум дека економската криза го зема својот данок, заминувањето на верниците од земјата во земјите на Европската унија, потоа разните злоупотреби, разни пишувања, клевети што се случија низ разни портали. И јас сум убеден дека ИВЗ во тие моменти не беше во можност да одговори на сите тие предизвици од тоа време и убеден сум дека целата оваа околност навистина ја продлабочи економската криза во ИВЗ, ја продлабочи моралната и духовната криза . И на овој начин ИВЗ ќе започне да бледнее кај верниците кои се главен извор на одржување на ИВЗ, нејзините органи и верско-образовните институции“, рече Фетаху.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button