ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Филипче: Има можност и пред март да стигне одредена количина на вакцини

Вакцината против коронавирусот може да почне пред март. Ваков оптимизам изразува министерот за здравство, Венко Филипче, без да каже кога точно би можела да започне имунизацијата и со колкави дози. Првите вакцини што се очекуваат во јануари ќе бидат од другите земји донатори, Бугарија, Грција, Полска и Австрија, но и од преку препродажбата на вакцини од европски земји. Филипче вели дека имаат три начини како да дојдат до вакцинација. Покрај нарачаните, донацациите или оние кои ќе нѝ ги преподадат, се преговара и директно со производителите на вакцините. Кога се тие во прашање, парите не се поблем.

Advertisements

Нема цена што Владата нема да може да ја плати за вакцини. И тоа јасно сакам да го кажам и упатам како порака. Ситепроизводители со коишто разговараме се производители кои веќе ги имаат почнато административните постапки за добивање дозволи, што значи дека втората порака е апсолутно сите тие вакцини кои потенцијално би стигнале во земјава се апсолутно сигурни и развиени на безбедна платформа – изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Моментално има опаѓање на новозаразени, хоспитализирани и починати пациенти од коронавирусот. Филипче очекува ваквкиот тренд да продолжи до пролет, а тогаш со вакцинацијата да се стекне колективен имунитет. Министерот за здравство ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките за време на празниците. Во спротивно, здравствениот систем е подготвен за нов пик заразени. Филипче, новата 2021 година ќе ја дочека дома.

Во кругот на семејството, така како што сега сите треба да ги почитуваме мерките и препораките и да сме свесни дека тоа е еден од механизмите со коишто нема да дозволиме ситацуијата да се влоши. Така што апсолутно би сакал да бидам пример за сите граѓани -рече Венко Филипче, министер за здравство.

Моментално на Инфективната клиника има околу 30 слободни крвети, а на интерните клиники стотина места за хоспитализација на пациенти заразени од кронавирусот.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button