ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Стар концепт промовиран како нова методологија за прочистување на судиите и обвинителите

Конечно, министерот за правда, државниот обвинител и претседателот на судскиот совет, ја презентираа методологијата за прочистување на правосудството. Долго најавуваната филтрација, се заснова на веќе постојаните Закони. Проверките ќе ги прават како и досега, Советот на обвинители и Судскиот совет. Не посочија судски предмети за кои медиумите и јавноста, постојано алармираа дека се одложуваат за тие да бидат приоритет за проверка. Прашавме што ново содржи долго најавуваната методологија, ако столб на проветрувањето се законски решенија кои веќе се во сила.

Не се согласувам дека во овие работи нема ништо ново, затоа што како што нагласив претходно, изострена е одговорноста на обвинителите и имаме јасна процедура во делот на утврдувањето на неговото стручно и ефикасно и професионално постапување – изјави Љубомир Јовевски, Државен обвинител.

За разлика од Јовевски, претседателот на Судски совет, Киро Здравев порача дека континуирано ја следат работата на судиите, бидејќи тоа е нивна работа. Проверките и разрешувања судии не биле кампањски.

Ние ова не го правиме кампањски. Оваа работа претставува продолжување на работата на Судски совет во рамки на исполнување на неговите со Закон предвидени обврски. Ние разрешивме судии и во 2019 и во 2020 година. Тој процес продолжува понатаму, тоа е континуирана постапка – истакна Киро Здравев, Претседател на Судски совет.

Министерот правда не посочи дали ќе се проверуваат судските предмети како „ТНТ“, „Траекторија“, „Тортура“ каде имаше чести одлагања или судењата почнуваа неколкупати од почеток. Генерално посочи дека ќе има проверки, а можело да се ревидираат случаи кои се во фокусот на јавноста или оние на поранешното СЈО.

Имаме што ново да кажеме и ново да се пофалиме. За прв пат од 2019 воспоставуваме систем со појасни и поконкретни критериуми за следење на работата на главните кадри во правосудството, значи имаме процеси и систем, но тоа не значи дека и досега тоа сме го немале но направивме значајни измени за тој подобро да фукнкционира – изјави Бојан Маричиќ, Министер за правда.

Според денешната методологија обвинителите ќе се оценуват преку шест месечни извештаи. Ќе се пороверуваат шест предмети, три по случаен избор, три кој ќе ги одбере самот оценуван обвинител. Кај судиите ќе се проверуваат десет предмети – пет по случаен избор, пет ќе ги бира самиот судија.

Бојан Стојановски

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button